ГАРАНТЕН ФОНД ЗА ЕВТИНИ КРЕДИТИ

За земјоделците

Interes kaj zemjodelcite za noviot instrument t.n. garanten fondПричината за формирањето на гарантниот фонд е можноста да им се олесни пристапот на директните земјоделски производители до кредитирањето, односно до инвестициите. Досега земјоделците тешко доаѓаа до хипотекарни кредити. Затоа им се скусуваше можноста за користење на погодноститре кои се на располагање од националната и од ИПАРД програмата.

Станува збор за промоција на нов инструмент, таканаречен гарантен фонд кој им е на дофат на земјоделците. Се спроведува преку комерцијалните банки и претставува механизам за намалување на  гаранциите (хипотеките) на кредитите кои треба да ги подигнат земјоделците при инвестициите во земјоделскиот сектор. При тоа, тие не се обврзани да учествуваат во некои од владините програми за да го користат гарантниот фонд. Тоа значи дека можат да земат кредит преку фондот и без да користат поддршка од ИПАРД програмата или Националната програма, позната како 50-50. Олеснувањето е во смисла на намалување на гаранцијата за позајмените пари.

Прокредит банка прва почна со понуда на инструментот, според кој земјоделецот доаѓа во банката и бара кредит преку гарантниот фонд. Помошта е во процентот за приложување хипотека. На пример, за кредит од 20 илјади евра, претходно на земјоделецот гаранции од 20-35 илјади евра имот под хипотека. Сега инвестицијата може да биде гаранција, така што гаранцијата се движи од 40-50 отсто од вредноста на инвестицијата, односно половина од влогот е “обезбедување”, а останатиот дел го гарантира државата преку гарантниот фонд.

– Останува на банките да одлучуваат за ограничувањата околу висината на каматната стапка, периодот на исплата, што ќе варира од големината на кредитот и времетраењето на исплатата – објаснува Виктор Младенов од секторот за ИПАРД програмата при Министерството за земјоделство.

Инструментот е на почеток, нема некои рокови и ќе се спроведува во догледно време. Се очекува стартот од следната година и овој механизам да го спроведуваат повеќе банки за кредитирање во аграрот.

Loading