ПОСТОЈАНО ЦРПЕЊЕ НА МЛАДА СТРУЧНА ЕНЕРГИЈА

Потпишан меморандум за соработка меѓу Комфи Ангел и Економскиот факултет

Paraf za idnina na obrazovanieto i biznisotСо потпишување на меморандум, компанијата Комфи Ангел и Економскиот факултет, официјално ја потврдија долгогодишната соработка. Како повод за продолжување на, и онака добрите деловни односи, ја искористија 55 годишнината на престижната високо – образовна институцијата.

Содржината на меморандумот има цел, факултетот и понатаму да произведува квалитетен кадар за потребите на Комфи Ангел, а компанијата несебично да íм овозможи практична работа на студентите, и стипендирање на постоечката структура на вработените од компанијата за нивно надоградување на магистерски или докторски науки.

Biznis– Благодарост на Економскиот факултет за произведувањето на кадри кои што се дел од нашата компанија. Имено,  30 отсто од топ менаџментот и 30 проценти од вкупната административна сила се дело на факултетот. Тоа се кадри кои успешно ја трасираат визијата на фирмата, а соодвестуваат на потребите на европските стандарди на знаење, морал и етика. Визијата на Комфи ангел, е да останеме млада компанија, да не застаруваме и во континуитет да се подмладуваме со нова енергија – рече Ирена Јакимоска, косопственик на Комфи Ангел. 

Најстарата високообразовна институција многу години соработува со компаниите од градов.

– Економскиот факултет уште од формирањето е насочен како образовна институција како факултет да произведува кадри, кои се дирекно способни да работат во компаниите, што било од самото формирање и се негувало минативе 55 години, и се надоградувало – рече Ѓорѓи Манчески, декан на факултетот.

Економскиот факултет ќе формира Одбор за доверба и соработка со стопанство. 

Loading