ЕКСКУРЗИИ, ЗАБАВА И СПОРТ ЗА АКТИВНО СТАРЕЕЊЕ

Здружението на пензионерите ја готви програмата за в година

– Грижа за членството со еднократни надоместоци, пакети предавања за здравјето

– Спортки дуели, прошетки и културно забавни манифестации за пријатни денови

OD TRADICIONALNATA SREDBA ZA 11 OKTOMVRIПред годишното собрание на Здружението на пензионерите, неколкуте секции преку управниот одбор ќе ги пренесат предлозите на активностите за идната година. Комисијата за одмор и рекреација предвидува изведување на осум редовни екскурзии на Смоларските водопади, Лесновскиот и Осоговскиот манастир, Пониква, Кнежино – манастирот Слепче, Охрид и Св. Наум, и вонредното патување на откривање на убавините на клисурата Матка. Надвор од границите, луѓето од третата доба ќе направат ,,авантура,, во Бугарија или Грција. Пензионерите ќе треба да платат само по 100, односно 200 денари за странство, а остатокот ќе го надоместува Здружението.

Pehari za penzionerite sportistiСекцијата за културно забавен живот предлага организирање, предавања за одредени празници и датуми, како што се 8 Март, 4 мај, 20 септември, 11 Октомври. Пензионерите ќе имаат можност и за проследување на четири театарски претстави. Посебен акцент ставаат на концертите на КУД ,,Пензионери,, и ,,Пенка Котеска,,. Друштвата ќе пеат во Кавадарци, Крушево, Кочани, во Топлчани, Кривогаштани, Трново, Гевгелија, Охрид, во Скопје, на фестивалот во Долнени, на мариовско мегленските средби, а пред нова година традиционално како и годинава, ќе изведат концерт за станарите од старскиот дом.

SEKCIJATA N AZENI VO POSETA NA  ZDRUZENIETO ZA CEREBRALNA PARALIZAСекцијата на жени в година ќе има културно забавни и хуманитарни активности, но не мал дел ангажманите ќе посвети за заедништвото и дружењето. За пенизонерите, уметници, ќе се организира изложба на создадените дела. Активностите ќе íм почнат со средби со станарите на старскиот дом, и заедничка прослава на Василица. Внимание заслужваат најавите за литературни читања, посета на музеи и изложби и предавања за депресија. Нема да изостанат и средбите со лекарите за превенција од грип и мерење шеќер во крвта. Пензионериките ќе се дружат на излети во околината на градот како и на манастирот Зрзе и подалеку. Се планираат подлабоки контакти и посети на колешките од други градови. Женскиот дел од пензионерите предвидуваат повеќе да се собираат во природа, а низ музика да имаат средби во петок во клубот в лето.

Penzionerite se zakitija i so najgolemoto gradsko priznanieПензионерскиот век се минува организирано во спортски активности за подобрување на здравјето на членството на Здруженито. Низ физичките активности се забавува стареењето и се продолжува животниот век, се ублажува природната немоќ, создадена со годините и обврските се извршуваат полесно. Со физичките активности побезболно се победуваат годините. Затоа, комисијата за спорт и за оваа година го нагласува омасовувањето на популарните натпревари од општински, регионален и државен карактер во стрелање, шах, пикадо, тргање јаже, фрлање ѓуле, трчање, табла домино, скок од место, тробој, двобој.

Комисија за здравствената и социјалната заштита ќе се ангажира на подобрувањето на снабдувањето со лекови од позитивната листа и дистрибуција, особено со кривогаштанско и долненско, бидејќи недостасуваат аптеки, а пациентите се приморани да доаѓаат во Прилеп. Комисијата предлага, на пензионерите за болести или други потреби да им се подели еднократна помош вкупно од 900 илјади денари или максимум врз основа на дијагнозата по 10 илјади денари. Пензионерите водат грижа за своите сто слабо ситуирани членови да добијат пакети со храна во вредност од по илјада денари пред новогодишните и божикните празници. Асоцијацијата на пензионерите ќе партиципира во бањско климатската рекреација, како уште една поддршка на владиниот проект за учество во трошоците за бањско лекување. Комисијата предлага преку Управниот одбор да се побара од локалните власти воведување два дена во неделата за бесплатен превоз на пензионерите во градскиот сообраќај, за што се определува одреден надомест за превозникот. Втората варијанта е да се издвојат по 300 денари за електронски картички за превоз за пензионерите. Се афирмираат акциите за преглед на пензионерите, мерење на крвен притисок, шеќер и маснотии во крвта. Предавањата од областа на здравството се добредојдени како превентива за популацијата во поодминати години. За подобрување на здравствената култура и запознавањето со ризичните фактори за здравје и живот, пензионерите ќе се едуцираат за некои заболувања кои можат да го загрозат телесното и менталното здравје. Предвидени се предавања за срцевите заболувања, алкохолизамот и ризични фактори за здравјето.

Здружението в година ќе прави напори за отварање на нови канцеларии и клубови. 

Loading