ЦРНО – БЕЛО ИСКУСТВО ОД БОСНА

Коле Вецески

Ja zapali centralna Bosna - Kole VeceskiЕдна цела сезона во фудбалскиот клуб Крешево во Босна и Херцеговина работеше тренерот Коле Вецески. Екипата ја водеше во Првата кантонална лига со амбиции да го освои првото место за погорен ранг, Втората лига на Б и Х. Доволно е да севидат објавите на порталите или коментарите да се заклучи дека прилепскиот стручњак оставил длабока трага не само во малиот град, туку и во цела средна Босна.

– Мало место од 5000 жители, а многу го сакаат фудбалот. Кога појдов клубот беше во распаѓање, но низ работа и стручност ја придобив довербата и промените се случија. Се вратија навивачите “Шегалии”, возрасни луѓе. Предизвикав внимание со темпераментот и со новитетите. Се купуваа влезници и се полнеше малото стадионче. Есента 2014 година одлично помина – вели Вецески.

Во Босна секој се почитува, особено ако некој отстрана успее во фудбалот. Оваа држава и некогаш, во Југославија, имаше најмногу прволигаши, редовно по четири – пет, даваше репрезентативци и селектори. Таму не се продава фудбал и сега, кога репрезентацијата на Босна веќе учествуваше на Светското. Вецески со малиот тим се изборил за трето место во лигата, за малку не успеал да направи подвиг. Вели дека недостасувале амбиции.

– Пролетта ги собрав на едно место сите најдобри играчи од регионот, од Фојница, Кисељак… Сите дербија дома ги добив и кога се отворија шанси видов дека нема доволно амбиции. Претседателот сакаше, а Управата не. Останавме на трето место – жали тренерот.

Од престојот во Босна носи многу убави спомени за прекрасниот народ со сличен менталитет како нашиот. Сепак ја виде и негативната страна.

– Бев договорен за 500 евра плата, сместување и храна. Исплатија 2000 евра помалку. Ги исполнив 200 отсто од обврските, а тие останаа должни – не крие Вецески.

Работи со младите кај Прилеп Тони.

Loading