ЛАВРИ ЗА ЛИДИЈА ДОЧОВСКА ПАВЛОВСКА

Поетска везилка

Nagrada za najdobrata tvorbaПо повод роденденот на доајенот на македонската литература – Блаже Конески, ОК ВМРО-ДПМНЕ, вторпат ја организира манифестацијата за избор на најдобра лична творба „Поетска везилка“. Меѓу 49 поетски творби, првата награда ја доби Лидија Дочовска Павловска од Ресен за творбата „Солзите на Преспана“. Второто место го поделија нашиот сограѓанин Тони Павлески и Анастас Ќушкоски од Вевчани, а третата награда замина кај во рацете на Ирена Стевановска.

Никола Димески, претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ, рече дека на конкурсот имало поети од 15 градови од Македонија, дури и  нашинци од странство.

– Секоја држава има своја историја и култура. Има своја црква и религија, но и свој сопствен јазик. Македонскиот јазик е важно да го негуваме. Тоа е идејата за оваа поетска вечер. Посакуваме да се чува што повеќе нашиот литературен јазик, а со тоа да се зачувува и македонскиот идентитет. Масовноста сведочи дека е оправдана идејата за конкурсот. Македонците го сакаат и го негуваат македонскиот јазик. Радоста е уште поголема што допираме до дијаспората – рече Димески.

DAM 3184Првонаградената Лидија Павловска, откривајќи ги прилепските корени, посочи дека поемата е за радоста, за животот, за иднината.

Тони Павлески изјави дека творба е за начинот за живот, за љубовта.

– Посебно задоволство е што наградата се добива на Поетска везилка, посветена на Блаже Конески – вели Павлески.

На манифестацијата беше промовиран и Алманахот од  „Поетската везилка 2015“.

Loading