КОИ СЕ ПРОМЕНИТЕ ВО ПОБЕДА?

Фудбал

Навивачите очекуваат промени во играчкиот кадар, но по се изгледа неминовни се и во управата. Тоа засега е само шпекулација, но добро упатените велат дека е возможно. Дознаваме дека се водени разговори, но за детали ќе се причека до крајот на неделава. Се работи за новости во врвот на управата. Имало предлог сите досегашни членови да останат во раководството, што подразбира да останат сите спонзори – финансиери. Ако секоја промена оди на подобро, тогаш треба да се очекува вклучување уште на некоја фирма за зголемување на клубскиот буџет. Што се однесува до играчите, тие се на одмор, а нови имиња нема. Потенцијалниот повратник Аломеровиќ прифати понуда од Академија Пандев во Струмица.

Следниот собир на Победа е во јануари.

Loading