Турнир „Свети Никола“
Првата групна фаза од турнирот во мал фудбал “Свети Никола” привлече интерес над очекувањата. Едната трибина од Универзалната сала е секој ден преполна, а гледачите ќе ја запоседнат и другата на нокаут – мечевите од среда. Кој губи отпаѓа, значи ќе биде интересно до последен миг. Прво во два дена е осминафиналето, потоа четвртфиналето, полуфиналето и на 27 декември е големото финале. Според имињата на екипите и фудбалерите се наѕираат фаворитите како Кабелнет, Комфи ангел, Мите транс, Мистер АЈ Охрид, Црна Река Кавадарци… Има место за изненадувања, оти и малите екипи не се без шанси. Во последен миг е вклучена НВО Ромска солза и вкупниот број екипи учеснички е 34.
Во затоплената сала предвидени се и ревијални мечеви.