ТРЕНИНЗИ В МАГЛА

Фудбал

И во непогодни услови, кога има студено време и магла, фудбалерите на Победа продолжуваат со работа. Секојдневните тренинзи се одржуваат на стадионот “Гоце Делчев”. Така е планирано до средината на месецов. На овој начин се одржува физичката активност на екипата, што е мошне важно ако се знае дека зимската пауза е прилично долга. Во исто време јавноста очекува промени во играчкиот кадар, но од клубот засега нема никакви информации за заминати или дојдени. Претходно од Стручниот штаб излезе ставот за нужноста од две до три засилувања со готови, докажани фудбалери кои веднаш можат да дадат придонес за прогрес кон врвот од табелата.

Преодниот рок е после Нова година. 

Loading