ПРЕД ТРАНСФЕР НА ЗАПАД

Илија Несторовски

Ilija NestorovskiНекогашниот напаѓач на Победа, Илија Несторовски (25) има изгледи кариерата да ја продолжи во некоја од развиените фудбалски држави на Запад. Интересот за негов ангажман е голем и тоа не зачудува бидејќи е најдобар стрелец во Првата лига на Хрватска. Есенва за Интер Запрешиќ постигна 11 гола и најмногу придонесе за солидното шесто место на табелата. Претходно имаше изгледи да потпише за Риека, но пречка било високото обештетување. Интер побарал милион евра за откуп, а таа сума може да ја плати само богат европски клуб.

Несторовски седум години е надвор од Македонија.

Loading