Историја
На 13 февруари 1984 Победа, тогаш член на третата по ранг Републичка лига, во пријателски меч се сретна со југословенскиот шампион, белградски Партизан. На стадионот “Гоце Делчев” во вистински зимски амбиент пред 5.000 гледачи резултатот беше изненадување 3-3. Гостите очекуваа лесен и висок триумф, но наидоа на разигран домаќин. За Победа головите ги дадоа Глигороски два и Алексовски, а за Партизан Шаља, Манце и Радуловиќ. Во гостинскиот состав на тренерот Милутиновиќ беа Стоиќ, Залад, Роевиќ, Јешиќ, Радановиќ, Џелмаш… За Победа настапија: Чолаков, Г. Стојкоски, Трајчески (Колароски), Илиески, Кулески, Димоски, Манески, Димитриоски (Ѓеорѓиевски), Глигороски, Н. Љамчевски (М. Стојкоски) и Алексовски, а тренер беше Златко Илиевски.