ТЕМЕЛКОВСКИ НАЈМЛАД РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ

Борење

Boracite od BK 7 maj leovНајистакнатиот борач на БК 7 Мај Леов, Теодор Темелковски, имаше одличен настап на Меѓународниот турнир во Белград. Тој во категоријата до 54 килограми за кадети надмоќно го освои првото место во конкуренција на ривали од Србија, Грција, Бугарија, Босна, Хрватска и Словачка. Иако има само 17 години, поради високата форма веќе е на списокот на сениорската репрезентација на Македонија. На турнирот први места освоија уште: Христијан Пенков и Катерина Мирческа, а трет беше Маријан Мимичкоски. Во категоријата на деца одлично се покажаа Петар Насески со првото место, Михаил Марковски  и Матеј Вандевски со второто. Вандевски беше најмлад учесник со осум години.

Loading