ГОРЕ СОНЦЕ, ДОЛУ ПРСТ НЕ СЕ ГЛЕДА

Магла го закова градот

Pogledot plovi po gustata maglaНеколку дена, густа магла го “зароби” градот. Видливоста беше намалена на 50 – 100 метри, а во вечерните часови и на 20-тина метри. Намалената видливост создаваше тешкотии кај возачите, а придонесе и за значително намалување на дневната температура. Загадениот воздух создаваше потешкотии кај лицата со респираторни проблеми.

Наместо снег вообичаен за декември, маглата беше декор на градската средина. Шеговитите прилепчани, сивото секојдневие го разбиваа со разни досетки за атмосферската појава која е карактеристична за котлините и вообичаено се задржува додека не се смени притисокот и струењето на воздухот. Некои одеа дотаму што се потсетуваа и на приказните со Итар Пејо со маглата и Настрадин Оџа…

И додека Прилеп се “гушеше” во густата магла, Маркукуле, манастирот Трескавец кој е на само 10 километри од градот и се наоѓа на надморска височина од 1280 метри, под карпите на Златоврв се капеа во сонце. Топли зраци го галеа и превојот Плетвар и Крушево.

Фотографијата е преземена од фејсбук страницата на манастирот Зрзе од дневната прошетка на членовите на монашкото братство, на која се гледа како пелагониската котлина е покриена со магла. Во несекојдневната глетка и во прошетката на чист воздух, уживаат и владиката Климент и останатите членови од манастирската заедница.            

Loading