„СПОМЕНИ ЗА НАВЕК“

Кривогаштани

Nalsedstovto od Krivogastani na uvidВо Домот на културата во Кривогаштани отворена е етнолошката поставка „Спомени за навек“ од д-р Ели Луческа и м-р Мери Стојанова. Поставката е исповед за минатото време и навраќање кон традиционалните вредности, визуелна меморија која креира драгоцени спомени за битот и духот на Кривогаштани, непресушно богатство кое ќе остане во наследство за сите идни генерации. Изложбата ја отвори градоначалникот Тони Заткоски.

– Поставката содржи етнографска граѓа и предмети од традиционалната култура. Поставени се етно предмети од стопанството, покуќнината, народна носија и украсни предмети. Изработен е и каталог низ чии содржини повозрасниот читател ќе се потсети, а помладиот ќе се запознае со културното богатство. Крајната цел е создавање на музеј во Кривогаштани – велат авторките.

Изложбата е плод на соработка со Институтот за старословенска култура – Прилеп.

Loading