„ЗБОР“ ПРЕМИЕРНО

Во киното Мис Стон од недела од 19 часот премиерно ќе биде прикажан македонскиот филм „Збор“ на СД Продукција, снимен по сценарио и во режија на Слободан Деспотовски и со поддршка на Агенцијата за филм и МТВ.

Филмот е приказна за двајца пријатели. Едниот, Горди го почитува законот и сака да се обезбеди за староста што доаѓа, но и да ја обезбеди иднината на ќерка си. Арно е некогашен легионер, човек без вера и закон. Приказната открива дека Горди не го почитува законот и дека Арно, сепак, има еден закон – дадениот збор.

Филмот ќе се прикажува неколку дена, а билетите се по цена од 100 денари.

Loading