СКОРО ТРИ ЕВРА ПРОСЕК ОД КИЛОГРАМ

На стартот на откупот на тутунот

Тутунски го плаќа преземениот род по седум дена

Kef i kaj  tutunarite i kaj cenacite za tutunotТутунарот Трајко Матески со свежина во образите на лицето изрази задоволство од проценката на првите количества тутун во Тутунскиот комбинат на почетокот на откупната кампања од годинешната берба.

– Од 15 тони, донесов околу 800 килограми. Засега е реална проценката – вели Матески.

– Тутунот годинава е далеку поквалитетен во споредба со лани. Уште не е ставен родот на вагата за проценка, но очекувам да постигнам околу 180 денари за килограм – кажува тутунарот Стојанка Костоска, која со тричленото семејство сработиле околу два тони.

– Се плаќа маката и потта, снагата запечатена во секој тутунски лист по речиси една година. Носиме бендеме тутун во монополот. Арно ќе се опариме. Родот помина над три евра од килограм. Откупувачите го плаќаат квалитетот – вели Илија Мирчески.

Ретко кога тутунарите биле расположени за проценката на стартот на кантарите за одмерување на квалитетот на едногодишниот труд. На избраздените лица на тутунарите, годинава владее насмевка. Се тријат рацете, оти се очекува една од најповолните откупни сезони. Таква е атмосферата при кревањето на резето на вратите од откупните пунктови во најголемиот производствен регион.

Zamenik ministerot za zemjodelie na vagite vo  TutunskiВо Тутунскиот комбинат, на лице место се интересираше за текот на откупот, заменик министерот за земјоделие Ванчо Костадиновски, кој рече дека се отворени станиците на шест од девет откупни претпријатија, а останатите ќе ги отворат вратите до 15 декември.

– Најголемиот број на тутунари сметаат дека е реална проценката на квалитетот. Тутунарите да се обратат до инспекторите или поверениците, ако имаат било каков сомнеж или забелешка на постапката на откупот за да се пристапи на место и да се утврди фактичката состојба. Тутунарите треба да го добијат заработеното од реалното вреднување на квалитетот, кој годинава е на високо ниво. Досега констатираме дека просечната цена е околу 177 денари. Можно е да се покачи понатаму, бидејќи на почетокот се предаваат подолните класи. Сите семејства треба нормално да егзистираат од оваа култура. Затоа најбрзо да заврши откупот и да се плати родот, за да се пристапи на субвенционирање по едно евро од килограм. Очекуваме околу 22 милиони килограми и 22 милиони евра субвенции да се насочат на сметките на тутунарите – рече Костадиновски.

Тутунскиот комбинат го интензивира откупот.

– Обезбедени се средства за исплата за седум дена, а не за 30 како што стои во договорите со тутунарите – вели Александар Дерменџиев, директор на Комбинатот.

Покрај Комбинатот, портите на откупните станици ги отворија и битолски Сокотаб, Струмица табак и Алијанса од Кавадарци.

Околу 29 илјади семејства живеат од тутун во земјава.

Loading