НЕЗАБОРАВНА НОЌ НА ПЛОШТАД

На 31 декември

Новогодишната програма на плоштадот Методија Андонов – Ченто ќе започне на 31 декември во 11 часот и ќе трае до 5 часот наутро во првиот ден од новата година. Забавата почнува напладне со локалните ѕвезди ACES UNFOLD, прилепските хипхопери СТАНИЦА 048 и специјалните гости BROOKA BEND за мераклиите на реге, ска и хип хоп музиката.

Потоа ќе продолжи ексклузивната вечер со музика која ќе ги поврзе младите и старите, традицијата и модерното и настапот на најпопуларниот македонски бенд во 2015-та година, музичката сензација ЉУБОЈНА BRASS FANTASY.     

Новата 2016-та ќе ја започнеме со ритамот на архитектот на македонската хип-хоп музика. Првпат на прилепскиот плоштад ќе настапи легендата од С.А.Ф., DJ Dimitri from Chair.

Како што е најавено на фан пејџ страницата Прилеп Култура на Фејсбук, годинава на плоштадот Методија Андонов – Ченто ќе сме ја имале најдобрата новогодишна програма. Заради тоа порачуваат прилепчани да ги баталат рестораните, кафеаните и туѓите плоштади и да си резервираат место на градскиот плоштад.

Loading