ГОРДИ КЛИМЕНТОВИ УЧЕНИЦИ

По водилката на просветителот

– Заврши проектот за замена на подовите во училниците И внатрешните врати

– Грижа и инвестиција и за подрачното училиште во Мажучиште

1. Klimentovoto pismo se prenesuva na idnite generacii - direktorot Darko JoveskiПовеќе од половина век, чекорат по стапките на основоположникот на првиот словенски универзитет, по просветителот Свети Климент Охридски. За генерациите ученици и наставниот кадар од ОУ „Климент Охридски“, водилка е искрата на напредокот каков што претпочитал големиот учител Климент. Горди се поколенијата на големото духовно и културно богатство кое се врзува за климентовото дело.

И годинава, денот посветен на Свети Климент кој е коректор на првата македонска азбука – глаголицата, што ја нарекол кирилица, достојно се одбележа.

На светителот Климент, чие име го носи, ОУ “Климент Охридски” чинеше светол спомен, празнувајќи го патрониот празник. Се пофалија со постигнатите резултати, за кои се заслужни учениците и наставниците. Заслугата за постигнатите успеси на натпреварите беше и поради меѓусебната поддршка и пријатната атмосфера за работа во училиштето и коректниот однос меѓу ученик и наставник.

2. Polna sala pocituvaci na Klimentovoto delo– Како продолжувачи на учителската дејност, колеги бидете горди, самоуверени, бидете подготвени доживотно да се усовршувате. Сакајте ги своите ученици. Запознајте ги со возвишеното што го носат во себе, а за кое често не се ни свесни. Извлечете го најдоброто од нив. Подигнете им го мислењето што го имаат самите за себе. Не подарувајте им оценки, но постојано повторувајте им дека имаат можност со труд и со знаење да си ги поправат оценките. Препознајте го и почитувајте го нивниот труд. Покажете им дека може да бидат успешни ако работат. Наставничкиот авторитет не се стекнува со претерана строгост и со самоволност, туку со праведност и со недвосмислен договор кон кој двете страни треба да се придржуваат. Поддржувајте ги најдобрите бидејќи така ќе ги инспирирате и другите да се потрудат да станат најдобри. Дајте им можност и на другите да почувствуваат како е да се биде најдобар. Вие треба да поставувате правила во училницата, да одредувате граници, да ги држите конците во рацете, оти тие се ученици, а вие сте учители. Преку писмото, што ни го остави Св. Климент, на автентичен начин им го пренесуваме на идните генерации она што сме го наследиле од нашите претци – рече меѓу другото директорот Дарко Јовески. 

3. Ucenicite vetija deka i ponatamu ke bidat dosledni i verni Klimentovi pokolenijaУчениците беа среќни за најголемиот празник на нивното училиште и овојпат да му оддадат почит на патронот, словенскиот просветител и учител, на светителот кој го покажува патот кон образованието и знаењето. Кој постојано на неговите следбеници го покажува патот кон иднината, кон среќата и убавината, затоа што не би имале среќна и убава иднина без образовани генерации, без луѓе кои свесно и со отворени очи ќе чекорат напред и само напред. И овојпат покажаа и докажаа дека како идни поколенија се доследни наследници и продолжувачи на Климентовото дело.

Освен на државната химна, нивните срца трепереа од возбуда  при настапот на хорот кој ја изведе композицијата “Песна за Климент”, компонирана од наставничката Мери Велкоска, во реализација на наставникот Бојан Митрески. Преку рефератот кој го прочита ученичката Леонарда Кајџаноска се потсетија уште еднаш за животот и делото на чудотворецот Климент Охридски. 

Се поклонија на вечното дело неговите следбеници кои ја негуваат писменоста и образованието, учениците и наставниците кои придонесуваат во зачувување и негување на македонските традиционални вредности на идните генерации.

Во предвечерието на 11 вековното чествување од упокојувањето на Свети Климент Охридски, на големиот македонски деец и просветител, учениците продолжуваат да го следат неговиот чекор на образување.

RAMKA 1 Ucilisteto vo poln sjaj so obnovata na podovite vo ostanatite 4 ucilniciНЕ СТИВНУВААТ ИНВЕСТИЦИИТЕ ОД ЛОКАЛНОТО ЌЕСЕ

Владата и Локалната самоуправа ја унапредуваат воспитно – образовната компонента во основните и средните училишта во кои се  инвестирани околу 12 милиони евра. Досега во ОУ „Климент Охридски“ вложени се преку 30 милиони денари за активности со кои се подобрени условите за работа.

– Со реконструкција на подовите на уште четири училници, комплетно се заврши обновата на сите училници и замената на внатрешните врати. Средствата се обезбедени од буџетот во вредност од 300 илјади денари. Паралелно се изведуваат и големи градежни зафати во подрачното училиште во Мажучиште, со средства од Локалната во вредност од 1,1 милион денари. Се уредуваат училниците, дограмата, подовите, тоалетите се внесуваат во училишната зграда – вели градоначалникот Марјан Ристески.

Планирано е хортикултурно средување на дворот на училиштето со уредување на игралиштето за спортски активности. Ќе се опреми со помагала и реквизити и сензорната соба наменета за деца со аутизам. За учениците со посебни потреби ќе се прилагоди и помало детско игралиште.

RAMKA 2 - Izvedba na Smrt Omera i Merime od gostite od DesovoМултиетничка интеграција

Училиштето “Климент Охридски” постојано е дел од различни проекти низ кои го докажува успехот и способноста на наставничкиот кадар и учениците. Таков е и проектот за Мултиетничка интеграција во образованието. Имаа гости од партнер училиштето “Пере Тошев” од Десово, со кои изведоа заеднички активности. Претходните проектни дејствија спроведени во Десово, ги презентираа на хамери во холот на училиштето. А соработката на дело помеѓу двете училишта на заедничко задоволство ја покажаа низ литературно – музичката програма. Во рамките на литературното читање, гостите од Десово изведоа три точки. На босански јазик ја презентираа поемата Смрт Омеа и Мериме, а рецитираа и мешани творби на албански и македонски јазик.

Рецитаторската секција пак се претстави со сплет на стихови посветени на Свети Климент Охридски под менторство на Билјана Наумоска – Шукуроска.

Децата од посебните паралелки ја изведоа песната “Ода на радоста”. Учениците од I-2 и IV-2 одделение, се претставија со рециталот “Земјо Моја”, а од III-1 одделение, со рециталот “За мојата татковина”.

На овој светол ден, учениците ветија дека и понатаму ќе бидат доследни и верни поколенија кои ќе станат вистински и вредни граѓани на нашата земја, а името Климентово, образованието и просветата, ќе бидат пред нив како водич.

Loading