НАПАДОТ МОРА ПОДОБРО

Ракомет жени

Momentot od mecot Prilep - Vardar juniorОдигран е долгоочекуваниот меч на Прилеп со лидерот на табелата, Вардар јуниор и веднаш се виде квалитетот во полза на гостинскиот состав. Во спортот, како и во животот се учи и од поразите. Скопјанките победија со 17-22, а за прилепскиот тим може да се констатира дека најголемите слабости ги имаше во нападот. Беа постигнати скромен број (17) гола, загубени многу топки. А во ракометот кога не се дава, веднаш следува казна и во контра се прима гол  Сепак резултатот не е превисок, а можеби ќе беше и подобар доколку домашната екипа настапеше комплетна со бекот Јовановска. Таа поради повреда во Куманово не може да им помогне на соиграчите. На ред е значаен дуел на гости кај Ѓорче во Скопје. Доколку се победи задржани се шансите за третото место. Пред два мнесеца беше 24-19 за Прилеп.

Табела: Металург и Вардар ј. по 21, Куманово 15, Прилеп 9.

Loading