КОН ПЕТТИ ВРЗАН ТРИУМФ

Ракомет мажи

Moment od mecot Prilep - Metalurg 2Нема застој во победите на машкиот суперлигаш Прилеп. Постигнат е четвртиот врзан триумф на гости со убедливи 34-43 против Металург 2. Пивотот Ѓорѓиески даде девет гола, крилата Петрески и Јанески по шест. Уште на полувреме беше 10 разлика, што ја потврдува доминацијата. Овој состав на Томче Петрески може уште нагоре на табелата и има шанси дури за второ место. Разликата со Охрид е само три бода и тоа треба да се искористи. Потребно е само да се продолжи во истиот ритам. Нареден противник, пак на гости во Скопје, е тимот на Пролет. Нема да е лесно против составот предводен од некогашниот селектор Илија Темелковски, но ако се земе предвид резултатот од пред два месеца кога Прилеп славеше со 30-22 извесно е дека со максимален ангажман можна е нова победа. Успехот е нужен за одржување на оптимизмот до следниот дуел дома со Вардар јуниор.

Табела: Металург 33, Охрид 27, Прилеп и Работнички по 24.

Loading