РАЗЛИЧНИТЕ СВЕТОВИ ВО „АЈНШТАЈНОВИТЕ СОНИШТА“

Ajstajnovite sonista - rpetstava za beskonecnosta vo   vremetoТеатарот „Војдан Чернодрински“ премиерно ја прикажа претставата „Ајнштајновите соништа“ од Алан Лајтман, во режија на Слободан Унковски. Публиката не ги штедеше рацете и громогласно ги награди актерите.

Мајсторот на својот занает, Унковски, направи едноставна по својот излед, но многу силна безвременска претстава која говори за патувањето низ времето. Покажа дека времето е релативно, има многу аспекти, многу различни светови, кои некогаш се движат наназад, некогаш одат напред, некои се вртат во круг, а понекош се водат паралелни животи. При тоа нагласувајќи дека сите сме дел каде можеме да се препознаваме.

Надополнување беа одличната музика на Златко Ориѓански и костимите на Розе Трајческа – Ристовска. Заслужен е и Русомир Богдановски како автор на драматизацијата.

Актерите Марија С. Илијеска, Наталија Теодосиева, Јасмина М. Станкоска, Катерина Ч. Клинческа, Симона Димковска, Ивана Павлаковиќ, Игор Трпчески, Владимир Ѓорѓијоски, Димитар Ѓорѓиевски, Александар Тодески, Димитар Црцороски, Мартин Манев и Илија Волчески потврдија дека умеат вешто да се справат со материјалот,  да играат компактно и со многу жар и елан.

„Ајнштајновите соништа“ е уште еден комплетен театарски приказ, кој потврдува дека нашата драмска куќа е една од најдобрите во овој момент во земјата.

Претставата вечерва треба да ја има првата реприза, а идната недела премиерно ќе биде прикажана и во театарот „Навигатор Цветко“ во Скопје.                                       

Loading