ПОРАЗ ВО УБАВА ИГРА

Пинг – понг

Пинг-понгот е меѓу спортовите каде уживањето и возбудувањата се до крајот, без оглед на епилогот. На прволигашкото дерби Младост 96 – Ѓорче Петров од Скопје, домашните поведоа со 2-0 и 3-1 во партии. Победа постигна Александар Рикалоски, а две Антонио Стомнароски. Имаше тактички надмудрувања и топчето се враќаше на маса од кај оградата. Околу 30 навивачи ги бодреа младите прилепчани. Скопјаните се покажаа поиздржливи и поконцентрирани. Пресвртот се случи и од 3-1 дојде до 3-5 за гостите. Така е решен мечот за есенски првак, но има уште теоретски шанси за промена на врвот. Доколку Младост 96 се избори за второто место ќе игра бараж за влез во Супер лигата. Клубот размислува за засилување со искусен играч, доколку се пласираат ранг погоре.

Табела: Ѓ. Петров 14, Мултитекс 12, Младост 96 – 10.

Loading