Општинска
Екипата на Братство од Житоше супериорно гази сé во Општинската лига. На 13 меча есенва има 11 победи, едно реми и само еден пораз. Постигна дури 60 гола, а прими само девет. Освоените 34 бода се далеку над второпласираното Тополчани, кое има 25. Во 13. коло Пролетер дома загуби од Братство со 2-6. На табелата понатаму се Кадица, Слога Лажани, Беровци, Канатларци, Пролетер и Пелагонија П. Рувци.
Во другата група, Напредок од Крушеани е водечки со 27 бода, исто колку и второпласираното Ново Црнилиште. Во 13. коло во меѓусебното дерби победи Н. Црнилиште со 3-2. Подолу на табелата се Питу Гули, Младост, Илинден, Динамо Тризла и Обршани.
Интересно е и во Б лигата. Таму водат Клепач и Боротино по 22 бода. Подолу се Извор, Мукос, Варош, Ц. Ѕвезда, Врбјани, Прилеп сити, С. Штркот, Чепигово и Кадино.
![]()

