ФИНАЛЕ ВО ВЕЛЕС

ОФС

Продолжува серијата победи на селекцијата на ОФС Прилеп во дуелите со останатите сојузи од регионот на Третата лига – Југ. Минатогодишниот освојувач на првото место во цела држава во првото есенско коло со 3-2 го совлада Неготино. Според ждрепката во второто коло Прилеп беше слободен, а в недела е финалето на гости со Велес. Велешката екипа оствари две победи, прво со 2-0 над Кавадарци, потоа со 6-2 над Валандово. Победникот од овој финален меч оди во групата во борба за вториот пехар од ФФМ.

Резултатите на Прилеп не се изненадување, бидејќи се работи за сојуз со голем број екипи, а квантитетот носи и квалитет.

Loading