ПРВИ ПРИЛЕПЧАНИ НА СВЕТСКО

Историја

Каратистите од Еуроинвест 11 Октомври беа првите прилепски спортисти на највисоко натпреварување – Светско првенство. Во 1992 година во Гранада, Шпанија, во составот на репрезентацијата на Македонија беа четворица. Во кати настапи Златко Димоски, а во борби Наум Трајкоски, Орде Стојчески и Валентина Пурдеска. Како дебитанти имаа солидни пласмани и ја оправдаа довербата на селекторите Славе Пашоски и Димче Кически. Учеството беше охрабрување за останатите спортисти. Наредните години имавме претставници на светски првенства или олимпијада во стрелаштво, шах, ракомет во женска и машка конкуренција.

Loading