ВОЗБУДА ВО ЛАГОВО

Javaci na vetrot na dve trkalaОколу 40 возачи на мотокрос мотори од земјава и од странство ги одмеруваа вештините во управувањето на силните машини и низ акробатски скокови и летови небаре јавачи на ветерот се натпреваруваа во пет категории на патеката кај селото Лагово на меѓународната мототрка Мотокрос Прилеп Опен – 2015.

Според Ѓорѓи Манчески од клубот Скај рајдер, мотокрос арената во Лагово ги исполнува сите предвидени услови за одржување на вакви трки.

– Ова е трето издание, а во иднина претендираме да организираме европска трка, и Прилеп да стане лидер во мотокрос трките на Балканот – вели Манчески.

За градоначалникот Марјан Ристески, мотокрос арената Лагово привлекува актери и симпатизери на екстремни спортови.

– Патеката се надградува според европските стандарди. За догодина ќе се потрудиме да помогнеме Прилеп да биде конкурентен за организирање европски мототрки –  вели Ристески.

Неколку илјади прилепчани љубопитно ги следеа вештите возачи на мотокрос мотори.

Loading