„МАЈМУНИТЕ“ ДАРУВАА КРВ

Navivacite vo blagorodna misijaНавивачката група „Мајмуни“ освен бодрење на своите миленици на спортските терени, умеат и да направат хуман гест. Тие организираа акција за дарување на крв, на која околу 80 навивачи ја пружија својата рака да спасат нечиј живот. Со овој чин, навивачите демантираа дека не се само запаленковци на спортските арени, туку се луѓе од крв и месо, со душа и срце, кои не се штедат да им помогнат на другите кога се во неволја. Испратија порака до сите организации и здруженија да го храбрат членството за учество во благородни мисии.

Акцијата не е прва ниту последна, туку е акт на одбележување на 30 годишнината од постоењето на навивачката група, за што подготвуваат официјална веб страница.

Loading