МЕГЛЕНСКИ Е ИДЕН ТРЕНЕР

Фудбал

Капитенот на Победа, Тони Мегленски, според тоа колку голем придонес дава во играта, веројатно уште неколку сезони ќе може да го носи црвено – белиот дрес. Паралелно се подготвува на стручен план. Амбиција му е да биде тренер кога ќе ја заврши играчката кариера. Кон таа цел е посетата на курсот за добивање на УЕФА А тренерска диплома, одржан во Дојран. Мегленски е во друштво на познати репрезентативци.

Победа, пак, по киксот и поразот од Пелистер со 2-1, следеше обратен резултат и триумф од 2-1 над Кожуф со головите на Дунимаглоски и И. Мирчески. Ова е потврда дека лигата е изедначена. Секој тим може да се надева на бодови. И Победа в сабота има надеж за триумф во Кичево со Велазерими. Во 5. коло беше 1-1, сега е шанса за реванш со камата. И реми е добар резултат, а со победа се заверува кандидатурата за највисок пласман напролет. Тренерот Крстески се соочува со повредени играчи, но наоѓа решение за секој отсутен.

Табела: Љубанци 23, Тетекс и Македонија по 21, Пелистер 20, Победа 19.

Loading