ДОСТИГНАТ СВЕТСКИОТ ВРВ

Параглајдерство

Srekno semejstvo na piedestal - JovanoskiГрадов одново со своите одлични резултати го зарадуваа параглајдеристите од ПК Делта. Всушност се работи за сите членови од семејството Јованоски. На завршницата од Светскиот куп во Сопот, Бугарија, во дисциплината прецизно слетување најмладиот 20-годишен Борјан го освои второто место. Практично го повтори претходниот пласман од Васер купот во Германија, каде исто така беше на подиумот. Повозрасниот брат Мартин во силната конкуренција го достигна петтото место, а меѓу подобрите на натпреварот се вброи и таткото, нивниот тренер Миле. Уште подобро поминаа екипно. Тројцата како тим беа неприкосновени и ги надминаа сите конкурентски екипи, на крајот освојувајќи го убедливо првото место. Во генерален пласман за оваа сезона се на второ место. Ако се земе предвид квалитетот на натпреварот со 60 пилоти од 13 земји, резултатот на прилепските претставници е одличен, а формата дава оптимизам.

Претстојат подготовки за Европското првенство за атак на медал доколку има финансиска поддршка за пат до Литванија. 

Loading