ОДЛОЖЕН МЕЧОТ СО ВАРДАР

Ракомет жени

Првенствениот меч предвиден за в недела меѓу женските тимови на Прилеп и Вардар јуниор е одложен поради подготовките за квалификации на репрезентацијата. Така, пролонгирано е задоволството на дело да се видат домашниот состав кој е во подем и гостинскиот кој досега прикажа најмногу. Скопските “црвено – црни” се втори на табелата само поради помалку одиграни дуели – шест, сите добиени, дури и на гости со Металург, лидер со меч повеќе. Најверојатно новиот термин за мечот е наредната недела. Во замена гледачите синоќа можеа да проследат пријателски меѓународен меч на Прилеп против грчката екипа на Филота Аминдио од Грција. Резултатот (30-30) не беше најбитен, туку играта и можноста да се внесат сите првотимки кои се на располагање во составот на тренерот Жане Дисоска. Несомнено формата се одржува, а оптимизмот е на ниво и по последниот минимален првенствен пораз од 27-26 во Куманово.

Табела: Металург и Вардар ј. по 18, Куманово 12, Прилеп 9.

Loading