ВОДЕА 7-0 И ЗАГУБИЈА

Одбојка

Одбојката е спорт неограничен со време. Се игра на резултат и никогаш не е гарантирана победата. Тоа најдобро го почувствуваа одбојкарките на ЖОК 11 Октомври во стартното коло од Младинската лига. Во Тетово, во дуелот со домашниот Те – Волеј, прилепчанките водеа 7-0 во првиот сет, но не издржаа и загубија. Слично темпо наметнаа и во вториот сет, но и тогаш попуштија и резултатот беше 2-0. Впечатокот е поправен во вториот меч со УСК Валандово. Тука со сигурна игра е постигнат триумф од 2-0.

Во А-групата од Лигата следен противник е Јанта – Волеј од Скопје.

Loading