КУП НА СОЈУЗИ

ОФС

Како лани, така и година се одвива натпреварување по куп систем меѓу селекциите на општинските сојузи. Првиот степен е во регионални рамки. За територијата на Третата лига – Југ изготвен е распоред со кој се избира победникот. Во првото коло Прилеп – Неготино, Кавадарци – Велес, а Валандово – Гевгелија. Најдобрата селекција го продолжува учеството на државно ниво во борбата за шампион. Натпреварувањето има позитивна улога во зближувањето и соработката меѓу сојузите и регионите.

Бранител на титулата е ОФС Прилеп по ланската финална победа со 3-0 над Скопје.

Loading