СИМУЛТАНКА НА ТРИНГОВ

Историја

Кон крајот на март 1992 година, гостин на шаховскиот клуб Прилеп беше бугарскиот велемајстор Георги Трингов. Им предаваше  на најмладите членови – пионерите. Престојот го искористи за симултанка на 20 табли, во која противници му беа и повозрасни шахисти. Прилепчаните ги потврдија талентот и квалитетот, успевајќи трипати да го матираат и исто толку да ремизираат. Победија: некогашниот пионерски првак Кире Николоски, 14 годишниот Пеце Димоски и ветеранот Живко Котески. Реми извадија младинскиот шампион Дејан Ѓорѓиески, поранешниот пионерски првак Јане Негриески и Александар Котески.

Сепак, конечниот резултат беше 15,5 – 4,5 за Трингов.

Loading