ЗЛАТЕН ДАБ – ДАРК

Nazdravje so temen zlaten dab  - Samardzioska i promotoriteСо специфичка арома, текстура, неодолив балансиран вкус на карамела, мирис на кафе и деликатен чоколаден финиш се карактеризира новото темно пиво од Прилепската пиварница, создадено според германска традиционална рецептура на најголемите пивски мајстори. Златен даб дарк е производ на стратешкото партнерство на Прилепска пиварница со Кухел Бауер, една од најстарите и најреномирани германски пиварници, со своја традиција која потекнува дури од 14-от век. 

– Прилепска пиварница со новиот Златен даб дарк влегува во следната фаза. Комбинацијата на искуство, посветеност и знаење на врвни мајстори на пивото сега е преточена во вистинско темно пиво на македонскиот пазар. При создавањето приоритет беше пиво со најавтентичните карактеристики на вистинско темно пиво. Бидејќи на темата на квалитетот и оригиналноста немаме компромис, заеднички со нашиот стратешки партнер – пиварницата Кухел Бауер направивме врвен производ во кој се вградени соодветни изворни суровини и применета е посебна технологија за производство на вистинско темно пиво – изјави Панде Самарџиоска, заменик генерален директор на Прилепската пиварница.

За германската пиварница стратешкото партнерство е чест и задоволство соодветно на реномето на Прилепска пиварница на европските пазари.

Пивото беше претставено во рамките на Академијата за пиво што по третпат се организира од Прилепска пиварница, со цел промовирање на пивската култура и едукација за карактеристиките, влијанието на состојките врз вкусот на пивото и бенефитите. 

Loading