КРАП ЗА РОДЕНДЕН

Rekorden ulov - Nikolce StepanuleskiДваесетичетири годишниот Никола Степанулески, рекреирајќи се на акумулацијата Козјак, ја покажа умешноста во спортскиот риболов, закачувајќи крап од околу 10 кг. Да биде уште поинтересно, големиот улов се совпаднал со неговиот роденден. Дома, наместо да го чекаат со торта и свеќи, тој на трпезата почестил крап.

Вели дека, покрај роденденденската среќа, му помогнале вештината и погодното време, што е реткост за ноември.   

Loading