ЗИМСКИ ГУМИ ИЛИ СИНЏИРИ ОД 15 НОЕМВРИ

Од 15 ноември стапува на сила задолжителната обврска за носење зимска опрема за безбедно движење во зимски услови. Доколку не се почитува Законот, секој возач ќе плати глоба од 45 евра, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бодови.

Зимска опрема за автомобили се зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина и широчина на нагазните шари од 4 мм., или летни  гуми на сите тркала со длабочина на шарите од 4 мм. и синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

Зимски пневматици се оние кои на страничната стѕрана имаат ознака МС, М+С, Мамп;С и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва. 

Loading