УСПЕШНА СЕЗОНА

Велосипедизам

Заврши сезоната во велосипедизмот и во ВК Илинден ги сумираат резултатите. Клубот е четврти, екипно во У-13 и У-15, а вкупно шесто место. Мошне важно е што настапи на сите трки по календарот на ВФМ, организираше Државно бродско првенство, го врати критериумот Трофеј Македонија и беше домаќин на рекреативни манифестации. Кирил Лучески е државен првак на хронометар, Ангел Рајчиноски според ранг – листата е најдобар прилепски велосипедист. Зоки Петрески освои трето место на трка во Кичево, а Марко Стефаноски беше четврти на последните две трки.

Клубот се заблагодарува на помошта од општините Прилеп, Кривогаштани и Крушево.

Loading