ПРИЛЕП – ОВЧЕ ПОЛЕ

Ракомет

Женскиот тим на Прилеп после двонеделна пауза в недела (19ч.) во “…Ричко” продолжува во првенството со желба да постигне трета есенска победа. Ривал е Овче Поле од Свети Николе. Во прилог на домашните е формата во нагорна линија преку победите над Ѓорче и Пелистер. Се очекува пак полна трибина, затоа што девојките на Жане Дисоска заслужуваат поддршка. Се борат на паркетот како лавици, секој меч како да зависи за опстанок или за титула.

Машкиот Прилеп, по паузата поради репрезентацијата, в сабота гостува на Радовиш, во последното коло од првиот круг.

Loading