ПОПЛАКИ ЗА СУДИИТЕ

Стрелаштво

Ако во фудбалот речиси на секој меч се вперува прстот кон судиите, некогаш од навика, другпат од некаква штета, во стрелаштвото оваа појава е реткост. Кој би очекувал дека таму судијата има влијание врз стрелците или врз резултатот? На Државното првенство за лица со телесен инвалидитет во Охрид, Ѓорѓи Здравески го освои високото трето место, но неговиот тренер Славчо Трајкоски има куп забелешки.

– Има убави прописи, но не се почитуваат. Таму судијата едни форсираше, а другите ги сопираше. Едните имаат неограничена проба, а другите само пет дијаболи. На ова првенство многу екипи дојдоа без оружје, оти немаат. Им дадоа расипани пушки со кои не може да се постигне максимум. Метите не се електронски, туку обични и се сомневаме дека при броењето се местат резултатите – забележува Трајкоски.

Loading