СТАРТ ОД ТЕТОВО

Одбојка

Одбојкарките на ЖОК 11 Октомври, после предолга летна и есенска пауза, в недела почнуваат со првенството во Младинската лига. Распоредот одлучи да гостуваат во Тетово на екипата Те – Волеј. Домашните се фаворитки, но има голема желба за надигрување и кај гостинките. Тие во подготвителниот период одиграа четири пријателски мечеви, од кои два загубија, два победија.

Во А- групата од Лигата се уште две екипи Јанта – Волеј (Скопје) и УСК (Валандово).

Loading