ПОСИЛНИ ОД ПРОБЛЕМИТЕ

Фудбал

Секоја чест за фудбалерите на 11 Октомври, иако освоија само половина од бодовите во есенскиот дел од првенството во Третата лига – Југ. Се чини повеќе не можеа со оглед на околностите. Оддалеку се гледа дека клубот живее повеќе од скромно, ги нема условите кои се очекуваа. Вредниот тренер Дејан Кулески летоска одлично ја подготви екипата и стартуваше со дадени осум гола на гости во Јосифово. Што се случи потоа останува енигма. Тимот доживеа пад и губеше бодови, се спушти на петтото место од табелата. Штета оти овие играчи не се послаби од тие на првакот Вардар. Во последното коло 11 Октомври – Превалец 2-1.

Loading