ПЕЛИСТЕР – ПОБЕДА ИГРААТ В СЕЛО

Фудбал

Desen bek vo Pobeda - Daniel Taleski Не доликува на традиционалните соседски ривали, големото пелагониско дерби Пелистер – Победа да се игра во Новаци. Меѓутоа во ова првенство сé е можно и неверојатното станува веројатно. Пелистер прво играше во Прилеп, потоа се пресели во Охрид, се врати во Битола на вештачка трева, а сега заминува да ја проба среќата в село. Најмногу штета е за публиката. Наместо 5000 гледачи на првиот дуел во Прилеп, на кои се воодушеви целата држава, сега тешко да се соберат 500. Што се однесува до дербито, ќе играат две изедначени екипи и можен е секаков исход. Победа после скромните 0-0 со Скопје во Охрид гледа можност за поправање во Новаци. Во составот на Дарко Крстески по издржана суспензија за картони, се враќаат Мегленски и Шаркоски.

Табела: Македонија ЃП 21, Пелистер и Љубанци по 17, Победа и Скопје по 16.

Loading