БАРААТ 100 МИЛИОНИ ПОВЕЌЕ ОД ЛАНИ

Историја

Порано, во почетоците на плурализмот или на залезот од социјализмот, спортот се финансирал само со буџетски средства. Во април 1972 г. Општинскиот сојуз на организациите за физичка култура ги разгледал барањата на клубовите. Врз таа основа направен е план – барање до Советот за физичка култура, а оттаму продолжило финансиското барање до Општинскиот буџет. Клубовите не биле скромни и побарале 100 милиони динари повеќе од претходната година или вкупно 156 милиони. Најмногу барала Победа – 60 милиони, потоа 11 Октомври 21 милион, а СОФК-а 14 милиони. Барања доставиле 18 клубови и организации. Најскромни биле ПД Златоврв со милион ипол, Одбојкарскиот одбор со милион и сто илјади, а ПД Козјак со милион динари.

Според можностите на Општината, сумите биле намалени.

Исправка

Минатиот број во текстот за Историја – Спонзор Т. Комбинат 1972, се појави грешка. Погрешно е презимето на претседателот на клубот инженер Симе Симески. Треба да пишува инженер Симон Наумоски, сегашниот претседател на управниот одбор на Витаминка. Грешката се пропушти, бидејќи податоците беа преземни оригинални о д страниците на весникот “Народен глас” од септември 1972 година. Со увереност дека ќе се прифати образложението, му се извинуваме на господинот Наумоски.

Loading