МЕСТО КАДЕ ЌЕ СЕ ЧУВА ФУДБАЛСКАТА ИСТОРИЈА

Музеј на фудбалот

Во книгата „Прилепски спортски големини” авторот Драги Башески предлага формирање на Музеј на фудбалот во Прилеп. Градов како најфудбалски би бил првиот со ваква институција.

– Културниот свет се грижи да ги зачува своите успеси и неуспеси, за да може од сето тоа да има бенефит, да се движи во позитивна насока. Така се прави историја. Конкретно за фудбалот, велат дека во Прилеп Пане Напе ја донесол првата топка. Друг тврди дека професорот со прекар Жабата ја донел топката, а трета верзија е за Германците кои играле под Паркот на револуцијата. Ниту еден од овие не ја зачувал топката. За да се чуваат таквите значајни работи кои се дел од историјата треба да има место каде да се носат. Ако имаме Музеј на тутунот, треба да се види можноста и за Музеј на фудбалот – смета Башески.

Loading