„СВЕТИЦАТА И РАЗБИРАЧОТ“ РОМАН ОД ПЕТАР ПЕТРЕСКИ

Roman prvenec na Petreski„Светицата и разбирачот“ е насловот на првиот роман од писателот Петар Петрески што излезе од печат во издание на „Слово“ од Скопје. Петрески е познат како автор на драмските текстови „Трета мајка” и „Песијазол” кои своевремено беа поставени на сцената на театарот  „Војдан Чернодрински”.

Романот третира современи и вонвремени теми. Авторот се обидува да се занимава со темата на паднатите морални вредности, онакви какви што ги знаевме до пред некое препознатливо време и инаугурацијата на нов морален кодекс кој на првото место од својата вредносна скала го става, до исклучивост, материјалното и блескавото и како средство и како цел. Од друга страна, авторот, преку апсолутот на љубовта, вербата во нејзината перманентна присутност во структурата на човековото битие, дури до наивност, го гледа можниот излез од денешниот егзистенцијален лавиринт.

– Безмалку, на ниво на општост, е прифатено мислењето дека љубовта, чувствата, се набркани или треба да се набркаат од нашата духовна сфера, бидејќи тие се големите сопирачки на патот до остварување на идејата „зграпчи го животот”. Од првата до последната страница во романот, владее жилаво и успешно спротивставување на нашироко прифатена животна филозофија, сакајќи да посочи дека обично, каде што е влезот, таму е и излезот… Се третира човековата егзистенција и неговото паѓање и воскреснување… – вели Петрески.

Неговото име стои и на корицата на збирката раскази „Чудесниот број три”.

Loading