ЈАВЕ ЗА ДВА РОМАНА НА СЕЛЧАНЕЦ

Mirjanka R. Selcanec postojano so peroto v rakaДенес од 18 часот во библиотеката ќе бидат промовирани двата нови романи од Мирјанка Р. Селчанец, „Се почна со пламенчето” и „Лет кон божилакот”. Промотори ќе бидат Слободан Беличански и Цеца Видова Трајческа.

– Романот „Се почна со пламенчето” во почетокот е автобиографски, а вториот дел е авторско дело посветено на Мајка Богородица. Вториот роман е чисто автобиографски. Пишувам за детството, за сегашниот период. Во ракопис имам уште два – вели Селчанец, која досега публикувала шест романи, неколку монодрами, драми и книги за деца.

Loading