СТАДИОН СО 15 ИЛЈАДИ СЕДИШТА

Милионска инвестиција

Vredni potpisi - Risteski Gjorgjioski i StojkoskiДојде времето за реализација на проектот „Стадион Гоце Делчев“, во служба на развојот на овој спорт во најфудбалскиот град. Договор потпишаа партнерите општина Прилеп, претставена од градоначалникот Марјан Ристески, ОФС Прилеп со Марјан Стојкоски и ФФМ со првиот човек Илчо Ѓорѓиоски.

Планирана е реконструкција на објектот според УЕФА хет – трик програмата 4, низ комплетно нов терен со дренажен систем, осветлување по меѓународни стандарди и поставување на 15 илјади седишта. Инвестицијата е над милион евра и ќе биде готова до крајот на 2016 г. Потоа продолжува обликувањето на стадионот со изградба на нова источна трибина кај старата болница. На тој начин објектот ќе може да се користи за клупски и репрезентативни меѓународни мечеви.

Додека трае реконструкцијата се бара алтернатива за екипите кои настапуваа и тренираа на стадионот. Има идеја досегашната трева да се пренесе комплетно на игралиштето Металец, каде има одлична дренажа. Покрај него за тимовите на располагање се Могила и теренот со вештачка трева кај Зоолошка, кој исто така е проект на истите партнери.

Победа не е оштетувана

На маргините од прес конференцијата, во неофицијалниот дел, новинарите ја наметнаа темата околу казните на Победа. Зарем ФФМ, чиј претседател е со прилепско потекло, оти татко му е од Зрзе, дозволува прилепскиот тим да бил оштетуван од судиите?

– Нема оштетување. Судиите не судат на штета на Победа – беше одговорот.

Loading