МЛАДОСТ СО 152 ГОДИНИ

Пинг – понг

Uste e majstor - Mile PetreskiНе е само шахот, спорт каде учествуваат повозрасни, туку таков е и пинг-понгот. Во екипата на суперлигашот Младост спротивно од името на клубот настапуваат ветераните Ѓоко Јочкоски, Зоран Јованоски и Миле Петрески. Вкупно имаат 152 години. На дуелот со Гоце Делчев од Штип се спротивставија на трипати помладите, Станојковски, Костадиновски и Костовски, кои заедно имаат само 53. Гостите победија со 1-5. Не им беше лесно. Добро се испотија. Можеби отпорот ќе беше уште поголем ако прилепчаните не беа преморени, оти претходниот ден играа со Вардар од Скопје. Тогаш победија со 5-1. Единствен гледач во салата беше Кире Лазарески – Бафио.

Следи гостување на последната Струга.

Прволигашот Младост 96 со 1-5 славеше над Дебар Маало во Скопје, а по две недели дома игра со Куманово.

Loading