Фудбал
Конечно победи и екипата на Млекар. Малку неочекувано првиот триумф го постигна над фаворитот, поранешниот прволигаш 11 Октомври со 1-0. Стрелец е Диме Рошкоски. Малокоњарци и натаму се последни на табелата, но сега со четири бода, само два помалку од Младост Удово и Големо Коњари. Во следното коло Млекар оди на Партизан во Обршани. Тимот на 11 Октомври без публика ќе игра со Превалец и добро е да победи за консолидација. Во Големо Коњари домашниот тим има шанса за трет триумф со разнишаната Младост од Удово.
Табела: Вардар Н. 30, Победа В. 24, Тиквеш 20, Д. Езеро 19.
![]()

