СПОНЗОР Т. КОМБИНАТ 1972

Историја

Машкиот ракометен клуб од градов го носел името РК Прилеп до 26 август 1972 година. Токму тогаш како покровител, финансиер застанува гигантот, Тутунски комбинат. Клубот преку преземање на името се збогувал со сиромаштијата. Претседател бил инженер Симе Симески, потпретседател Миле Грданоски, а секретар Славчо Башески. Екипата уште го користела отвореното асфалтно игралиште кај Вишата економска школа. Го освоила третото место во Републичката лига, а веќе наредната е втора, што значи пласман во Втората југословенска лига, каде се задржува до 1992 г.

Т. Комбинат во 2008 година го смени името во Златен даб.

Loading