ЧЕТИРИ ТРЕТИ МЕСТА

Џудо

Дали по некоја случајност или според рамномерниот квалитет, четворица членови на ЏК Сеишин постигнаа исти пласмани и освоија медали на Меѓународен турнир во Скопје. Станува збор за пионерите Теодора Тасеска, Никола Магдески, Марко Тодорчески и кадетот Диме Ивчески. Сите се третопласирани во своите категории. Клубот е задоволен и од настапот на останатите тројца, кои не зедоа медал, а постигнаа по една победа, пионерите Георгиј Магдески, Марио Цинцароски и кадетот Мартин Тодорчески.

Учествуваа 20 клуба од девет балкански земји.

Loading